Стојан Ѓоргоски е човекот кој го прими благословот и ja презеде светата обврска да биде кум на овој голем христијански празник.
Стојан Ѓоргоски е новиот кум на „Водици“. Оваа најмасовна верска манифестација со огромна традиција, години наназад собира огромна толпа на верници, почитувачи, туристи, и од државава, но и од соседството.
На свечената седница на Здружението за целосна афирмација на МПЦ, „Богојавление“, едногласно беше избрана апликацијата на нашиот сограѓанин Стојан Ѓоргоски за кум на „Водици 2013“. Ѓоргоски е познат бизнисмен и претприемач од Охрид, сопственик на претпријатието за сателитски антени „Зора“. При соопштувањето за добиеното кумство, Ѓоргоски и неговата сопруга, беа очигледно возбудени од добиената чест.
„Можам да изразам голема благодарност на Здружението што донесе таква одлука да ми се укаже на мене чест, јас да бидам оваа, 2013 година, кум за Водици и навистина е голема чест. Тоа е празник кој што најмасовно во Охрид се прославува и за нас е тоа голема благодарност.“-вели Стојан Ѓоргоски, кум на „Водици 2013“.
Првиот човек на градов, градоначалникот Александар Петрески, вели дека избран е соодветен човек и личност која многу ќе придонесе за натамошен развој на манифестацијата „Водици“.
„Наша цел како здружение е секоја година да имаме се подобра и подобра манифестација. Секој нареден кум да е подобар од преходниот, а и ние како здружение бидеме уште подобри, за оваа манифестација да биде не само најважна за Охрид, туку и да прерасне во манифестација за целото православие со централна прослава во Охрид, и сигурен сум дека со кумот овогодишен, дека ќе одиме кон тоа.“-рече градоначалникот Александар Петрески.
Димитри Пендоски, од управниот одбор на здружението „Богојавление“, вели дека годинава очекуваат уште поголем број на посетители со оглед на тоа дека празникот е во неработни денови. Тој ja најави програмата со најчестите поканети гости.
„Гости како секоја година. Ние праќаме покани до целиот политички, економски и културен врв во државата и околината, па сигурно голем број од поканетите гости ќе присуствуваат и ќе го збогатат овој празник. Не би можел конкретно да кажам кој ќе биде и како ќе биде. Во секој случај, онаа интенција што годиниве наназад ја имаме, веќе Охрид прераснува во централна манифестација во Македонија, и се надевам дека сите заедно и со ваша помош ќе успееме во тоа.“-изјави Димитри Пендоски, член на управниот одбор на здружението „Богојавление“.
Пендоски додаде дека годинава ќе посветат особено внимание на привлекување на поголем број на гости и домашни и странски, а за таа цел стапиле во контакт и со хотелиерите и угостителите како би договориле и оваа година тие да работат со намалени цени за празникот. Инаку, оваа манифестација годинава ќе биде надополнета и со апликацијата за влез во Гинисовата книга на рекорди, за поготвување на најголема количина на рибина чорба, на Денот на рибарите, 20ти Јануари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град