Изборите завршија, а градот веднаш под полна пареа продолжува со бројните започнати комунални зафати, потенцира охридскиот градоначалник. Денес, на улицата Никола Карев, во близина на Музичкото училиште, се поставуваше асфалт. Комунални зафати нема само во овој дел од градот, туку активно се работи и во останатите делови и тоа е вообичаена активност пред туристичката сезона, вели првиот човек на Охрид. За нас охриѓани, најважна е туристичката сезона, затоа што градот живее од неа и треба да ја дочекаме што е можно подобро подготвени, кажа Петрески. Тој смета дека не е доволно само да донесеме Финци и Холанѓани, а тие да прикажуваат негативни работи за градот туку да направиме градо тда биде што посреден за повторно да ни се вратат“.
Сите зафати се планирани со годишната програма за комунално уредување на Локалната самоуправа, објаснува Петрески.Тој ги отфрла обвинувањата дека претходно се што се работело било во интерес на предизборната кампања. Тоа се случуваше во Скопје, а не тука во Охрид, вели Петрески. Доказ дека обвинувањата се злонамерни е денешното продолжување со асфалтирање на оваа улица и на дел од кракот на улицата на туристичката населба Коњско. 5-ти јуни дојде и помина, на шести сонцето повторно угреа, а ние мора да мислиме за доброто на Охрид, укажува градоначалникот. Петрески најави нови зафати и во другите делови од градот. Сега по завршување на изборите, тој очекува и поголема помош од централната власт во реализација на големите проекти, како што се изградба на современ пазар, автобуска станица и канализациона мрежа во Трпејца. „Јас се надевам дека градежното земјиште до први јули ќе се додели на општината затоа што е тоа многу важно за нас онака како што е предвидено со законот. Се надевам дека и министерот за финансии Ставрески конечно ќе се смилува и ќе го потпише одобрениот банкарски кредит кој го има општината за градот да се гради“,истакна градоначалникот.
Петрески како следни зафати најавува поставување на асфалт на улици и торотари во градот, но и во селските населби. Тој ги набројува проектите што треба да се завршат на улицата Аџи Мустафа, во Лескајца кај детската градинка, Елшани, како и патот за Св.Никола во Велгошти, исто така ќе се финишира со започнатиот канализационен и водоводен систем во Лескоец и колекторскиот систем во дел од Пештани.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град