Синоќа оклу 19 часот и 45 минути, во водите на Охридското езеро се случила сообраќајна незгода помеѓу два пловни објекти, едниот глисер марка СИДО, и глисер марка РЕГАЛ.
Во водите на Охридското езеро на околу 300 метри од плажата Куба Либре, практично на самиот влез од каналот кој води кон марината се случила сообраќајна незгода помеѓу два пловни објекти – едниот глисер марка СИДО, управуван од 31-годишно лице од Охрид и глисер марка РЕГАЛ управувано од 39-годишна жена од Скопје. Во незгодата 39 годишната жена се здобила со тешки телесни повреди и веднаш била пренесена во медицинскиот центар, каде била констаирана смрт.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката, сопруга на лицето кое го управувало вториот глисер.Станува збор за 24-годишна Охриѓанка, додека сопатниците, едниот 28-годишно лице, Сириски државјанин и втората 17-годишна Охриѓанка, се здобиле со телесни повреди и се пренесени во Медицинскиот центар Охрид каде им е укажана помош.
Веднаш откако се случил инцидентот, увид на лице место е извршен од страна на заменик јавен обвинител и истражен судија од Основниот суд во Охрид. На увидот присуствувал и капетанот на Капетанијата на пристаништата од Охрид и увидна екипа од секторот за внатрешни работи Охрид.
Од лицето кое што го управувало вториот глисер, 31 годишниот Охриѓанец, земени се крв и урина, заради вршење на дополнителни анализи за присуство на алхохол во крвта.
По наредба на истражен судија пловните објекти се задржани и оставени во полициската станица за обезбедување на државната граница и езерската контрола и центарот за обука на вода при АРМ. Според првичните информации од увидот, глисерот со кој што управувал 31-годишниот Охриѓанец со поголема брзина удрил и практично преминал преку глисерот со којшто управувала сега починатата. Увидот на лице место е завршен и продолжуваат натамошните постапки за расчиствување и утврдување на причините за несреќата.
Првичните информации говорат дека починатата била сама во глисерот со кој управувала, додека според некои сознанија нејзиниот сопруг и детето се превезувале на скутер одвоено од неа во непосредна близина, но тие воопшто не се повредени.
Засега нема никакви информации за други лица кои би биле повредени и починати.
Инаку, годинава од езерска полиција има 16 пријави за сторени прекршоци по основ на Законот за внатрешна пловидба и еден глисер е одземен.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град