Извештај за бруто плата

За Охрид обработени се пресметките на 87.7% од вкупниот број на компании.Останатите 12.3% припаѓаат во посебна категорија на даночни обврзници.

 |  Ристо Јакимовски  | 
logo
лого

Според вчерашните податоци од регионалната канцеларија на УЈП Битола, за градот Охрид обработени се пресметките на 87.7% од вкупниот број на компании во градот. Останатите 12.3% припаѓаат во посебна категорија на даночни обврзници.

bankaВо Охрид, од вкупно 2015 регистрирани фирми до 10-ти февруари поднесле извештај 1109 фирми со 6262 вработени. Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници, дека пресметките доставени до УЈП до 10-ти февруари, кај кои при изготвувањето на истите се констатирани или ќе се констатираат грешки, се сметаат како поднесени во законскиот рок.

Од УЈП потсетуваат дека на 15 март истекува законскиот рок за поднесување на образецот за годишна даночна пријава. Оваа пријава имаат обврска да ја поднесат сите граѓани на Р Македонија кои приходите ги оствариле во земјата и во странство. Приходите се оданочуваат со стапка од 10%. Граѓаните кои остваруваат приход само од плата, пензија, вршење на самостојна или земјоделска дејност не треба да поднесуваат пријави.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top