Итен налог за рушење

16 објекти во општина Охрид, први на списокот за рушење. Тие поради забот на времето претворени се во рушевини, кои во вистинска смисла на зборот се опасни по безбедноста и животот на луѓето.

 |  Билјана Николовска  | 
ruiniran objekt
руиниран објект

Укажувањата на бројните проблеми во градов од страна на медиумите како коректор на власта и надлежните, минимизирани. Нашите настојувања да добиеме одговор од надлежните кога ќе се случи фамозното рушење на опасните по живот градби или ќе вроди со конкретен резултат на терен, или ќе испадне како во народната поговорка – „Помина зимата фрли ја гуната“. Овој проблем веќе години наназад се провлекува низ општинските лавиринти.

ruiniran objektРаководителот на Секторот на урбанизам Бранко Арнаудов сеуште молчи иако добро му е познато за што станува збор. Нашите напори да стапиме со него во контакт се речиси невозможни. Во негово име градоначалникот Александар Петрески рече дека овој проблем веќе е во процедура и за 15 дена се очекува акција на терен. Дека е така потврди и раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски. Тој кажа дека веќе е изготвен списокот на 16 опасни градби на кои под итно треба да се делува, но дека сеуште ги немаат добиено решенијата за рушење кои треба да ги даде секторот за урбанизам.
Танасоски смета дека овојпат нема бегање од постапката за отстранување на објектите кои се опасни по безбедноста на граѓаните. Тој рече дека и градоначалникот сериозно го сфатил проблемот бидејќи издал итен налог за рушење. Танасоски дециден дека постапката за рушење не е евтина.
Изминативе години според изјавите на надлежните за овој проблем се чекаше некоја лиценцирана фирма од Скопје да дојде и да ги отстрани опасните градби. Но, во Охрид веќе има лиценцирана фирма за рушење на ваков вид градби, која најверојатно по пат на тендер ќе биде избрана за побрзо да делува, вели Танасоски. ТВМ во неколку наврати во интерес на јавноста, пишуваше за вакви опасни градби, посебно на ул. „Богомилска“, во Даљан во непосредна близина на ОУ Св. Климент Охридски и други места, досега без конкретен резултат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top