Истрага

„Илинден“ е исправен и на неговиот труп нема никакви знаци на оштетувања.

 |  Татјана Маленкова  | 

„Илинден“ е исправен и на неговиот труп нема никакви знаци на оштетувања.

Според првичните резултати од истрагата околу потонувањето на бродот „ИЛИНДЕН“, тој бил исправен и на неговиот труп нема никакви знаци на оштетувања.Освен скинатата сајла, ништо сериозно не укажува дека бродот потонал поради некакво насилно оштетување, потврди директорот на Управата за безбедност при МВР, Љупчо Тодоровски.

IlindenНа бродот кој во моментов е вкотвен во каналот Студенчишта не биле пронајдени траги на оштетувања.  Со ова се исклучува можноста „Илинден“ да бил насилно потопен,вели Тодоровски.

Причините за потопување на бродот ги испитува тим меѓународни експерти, а извештајот од истрагата  треба да биде готов за неколку дена.

Стручните лица кои работат на откривање на деталите за трагичната несреќа во трупот на бродот го пронашле сочуван дневникот на настани кој го водел  капетанот. Тој се  суши страница по страница и треба да покажи дали капетанот на бродот водел уредна евиденција.

Бродот „Илинден“ во саботата беше извлечен од дното на езрото, каде лежеше 14 дена од нереќата. Сега е во каналот Студенчишта, а истражниот судија Весна Кичеец, треба да утврди дали „Илинден“ целосно ќе биде изваден на копно за понатамошна истрага. Нејзиниот Бугарски колега Ѓорѓи Илиев во саботата пред новинарите најави дека Бугарија деновиве се подготвува за спроведување на паралелна истрага за бродската несреќа во Охридското езеро. Илиев уште потенцира дека ќе бидат повикани сите преживеани бугарски туристи од кои ќе бидат земени искази за денот на несреќата.

Неофицијано дознаваме дека како причини за потонувањето на „ИЛИНДЕН“ во крајниот извештај ќе стои дека се палубата која е надоградена на бродот, како и преоптовареноста.
Но, важно е и дека во 2001 година од Капетанијата во Охрид, за „Илинден“ било издадено уверение дека на него може да се изврши надоградба. Во извештајот ќе биде посочено и дека бродот бил технички исправен, а сајлата се скинала пред самото потонување.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top