Народната поговорка „Кучињата лаат караванот си минува“ е само потврда на состојбата за која што ТВМ во неколку наврати ве известуваше. Имено реакциите и укажувањата на жителите од стариот дел од градот на неодамна поставените знаци за забрана за сообраќај на кракот кај ул. „Кузман Капидан“, не вродија со никаков плод, напротив, само отворија нови дупки.
Урбаната опрема пред угостителскиот објект „Пандонос“ се покажа дека 20тина дена е поставена на диво. Овој проблем го покренаа варошани, кои посочија дека оваа урбана опрема е причина заради која Локалната постапила онака како што е во моментов, забрана за моторен сообраќај, Надлежните од локалната не сакаа да зборуваат многу за тоа, само излегоа со став во врска со поставувањето на сообраќајните знаци. Кажаа дека е постапено согласно законот, каде во постоечкиот урбанистички план, на ова место била зацртана пешачка зона. Од општинскиот комунален инспекторат, раководителот Танас Танасоски рече дека согласно најновиот Закон за градба од 2009 год, точно се знае и е регулирано каде треба да се постави урбана опрема. Тој појасни дека поставувањето на урбана опрема е согласно изготвена на програма, за која се распишува тендер и во тендерската документација е утврдено каде, како, и кој има право да постави времена опрема. Танасоски рече дека тендерот во Охрид се објавил во март, април и на почетокот на мај завршил, но потенцира дека секогаш кога се зборува за урбана опрема тие како инспекторат се соочуваат со бројни проблеми.
Се наметнува прашањето – „Кој и зошто ги амнестира сопствениците на угостителскиот објект „Пандонос“, скоро месец дена да не го почитуваат законот за поставување на урбана опрема?“ Танасоски вели дека согласно програмата, дополнително може да се постави урбана опрема. Но, до моментот кога ние тоа го побаравме, таква согласност немаше. Танасоски рече дека законот е за сите со подеднаков аршин.
Танасоски е свесен дека се прават големи пропусти кога се работи за поставување времени објекти. Но, појаснува дека на Општина Охрид, повеќе од потребно и е изготвување на квалитетна програма за поставување на урбана опрема, како би се надминале ваквите проблеми за кои и тој вели дека не треба да поминат не санкционирано.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град