Исповед од другата страна

Војне Голабоски денес за ТВМ, прв пат проговори во јавност за обвинувањата на Јовче Спиркоски, кој тврди дека Голабоски на нечесен начин му ја одзел куќата.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Vojne Golaboski
Vojne Golaboski

Војне Голабоски денес за ТВМ, прв пат проговори во јавност за обвинувањата на Јовче Спиркоски, кој тврди дека Голабоски на нечесен начин му ја одзел куќата. Голабоски ги демантира сите обвинувања од Спиркоски и вели дека ја поседува целокупната документација за случајот кој се водел седум години. Тој раскажува дека на 30.02 2002 година со Спиркоски склучил договор за претходно позајмените средства во висина над 11 000 евра  кои Спиркоски бил должен да ги врати во рок од една година.

Бидејќи Спиркоски не го испочитувал договорот Голабоски по истекувањето на рокот кој бил до 30.02 2003 год. поднел тужба против Спиркоски по што било закажано рочиште на кое судијата Руе Салиески предложил да направат меѓусебна спогодба.

Голабоски ги отфрла обвинувањата од Спиркоски дека бил принуден од страна на судијата Салиески да ја потпише спогодбата.

Бидејќи и спогодбата не била испочитувана од  Спиркоски   почнала постапка за извршување на делот од куќата кој не е дивоградба, кажува Голабоски. Бидејќи со тоа не се подмирил целиот долг кој Спиркоски го имал кон Голабоски, започнала процедура за извршување на останатиот дел од куќата кој е нелегално изграден. За тоа била направена и јавна лицитација на 30.06 2008 год.

Неколку дена пред одржувањето на јавната лицитација поточно на 27.06 2008 год., Јовче Спиркоски поднел барање за промена за средство за извршување. Тој се обврзал на Голабоски во рок од 15 дена да му купи автомобил од марката Пежо со што би го подмирил долгот кон него.

Vojne GolaboskiБидејќи и овој пат Спиркоски не го испочитувал договорот судот донел одлука  на 19.08 2008 год. да се отпочне со  извршување, т.е. Спиркоски да биде иселен од останатиот дел од куќата. Ден пред тоа Спиркоски заедно со својата фамилија ја напушта државава, раскажува Голабоски. Тој вели„ Иако Јовче знаеше дека за еден ден ќе биде извршувањето замина за Бугарија. Еден наш заеднички комшија му рече да не го прави тоа зошто ќе си ја изгуби куќата, а тој дрско му одговори дека никој ништо не му може“, раскажува Голабоски.

„После спроведувањето на извршувањето следуваа жалби од страна на Спиркоски кои беа одбиени“, објаснува Голабоски.

Голабоски на крај од својата исповед вели дека не му била целта да му ја земе куќата на Спиркоски туку само да си ги наплати парите кои му ги позајмил.

Денес за Твм своја изјава даде и сестрата на Војне Голабоски, Донка Николоска која е крајно изреволтирана од изјавите на граѓаните на Охрид во кои е нападнат нејзиниот брат и окарактеризиран како нечесен човек. Таа вели „зарем е нечесен затоа што сака да си ги добие сопствените тешко заработени пари“.

Твм во интерес на објективното информирање ги проследи и ги презентира и двете страни од овој случај. Конечна разврска се чека од институциите на системот.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top