Од триесет контролирани моторни и патнички возила, три патнички возила се исклучени од сообраќај заради недозволено испуштање на штетни издувни гасови.
Од триесет контролирани моторни и патнички возила, три патнички возила се исклучени од сообраќај заради недозволено испуштање на штетни издувни гасови.
На неколку пункта во градот се вршеше контрола на патнички и товарни моторни возила по повод Денот на екологијата 5 јуни. Стефан Димоски, портапарол на СВР Охрид, потенцираше дека акцијата има за цел да се подигне еколошката и безбедносната култура кај учесниците во сообраќајот.
Во акцијата при контрола на системот за испуштање на согорени гасови, покрај полицијата се вклучија и авто мото „Васил Стефоски“ и Здружението на возачи Охрид. Законската норма за емисијата на издувни гасови на јаглероден моноксид кај нас е 4,5 проценти, а за споредба во Европската унија тој процент е понизок и изнесува 0,5 проценти кај возила со бензиски мотор со регулиран катализатор вели техничкиот раководител во Здружението на возачи „Охрид“ Миле Милошевски. Тој додава дека во ЕУ се опфатени и други штетни гасови како азотните оксиди и јаглеродоводородите. Во Македонија на сила е постар закон во поглед на максимално дозволените вредности и во подготовка е нов кој што ќе ги вклучи Европските норми и директиви во поглед на емисијата на издувни гасови кај моторните и товарните возила.
Инаку при секој задолжителен технички преглед на возилата се мерат издувните гасови и се контролира системот за испуштање на согорени гасови.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град