Владата сепак ќе им излезе во пресрет на изнемоштените лица кои не се во можност да ги подигнат своите пензии од банка.
Владата сепак ќе им излезе во пресрет на изнемоштените лица кои не се во можност да ги подигнат своите пензии од банка.
Отворањето на трансакциони сметки преку кои во иднина ќе се исплаќаат пензиите е дел од реформите во платниот промет, изјави министерот за финансии Трајко Славески.
Целта на Владата е да ги минимизира трансакциите кои се вршат во готово.
„Довршувањето на реформата на платниот промет на РМ не се потенцира во контекст на приближување кон ЕУ стандардите, туку како современ и стандарден платен промет кој е дел од тоа“, рече Мнистерот за финансии, трајко Славески.
Пензионерите кои така ќе одлучат и понатаму ќе ги добиваат пензиите во својот дом.
Владата и вчера расправала по ова прашање при што било напомнато дека и сега Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и плаќа на Македонска пошта одредена сума за исплата на пензиите и дека најдобро е тоа да продолжи да го врши и во иднина. Со тоа товарот за извршување на трансакциите би паднал врз фондот, а не врз пензионерите, рече министерот Славески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град