Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска (05 јуни 2015 година, петок) ќе го додели признанието „Инженерски прстен 2015“ на најдобрите дипломирани студенти коишто ги негуваат инжeнерските дисциплини.

Традиционалната манифестација „Инженерски прстен“ која е во организација на Инженерската институција на Македонија, а под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, претставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји.
Доделувањето ќе се одржи на платото пред Св.Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник во Охрид, во 19:00 часот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град