Инвестиција тешка 15 милиони евра ќе влезе во охридскиот регион

Германската компанија ODW ELEKTRIK планира да гради фабрика која ќе произведува електрични инсталации за најпознатите автомобилски брендови како Мерцедес, Порше, БМВ и Фолсваген.

 |  Јаковлева Лионела  | 
opstina
општина

 

Првпат после 24 години во Охрид и охридскиот регион после период на масовно затварање на стопанските и индустриските капацитети и масовни испуштања од работа, ќе се отвори стопански капацитет во Охрид во кој ќе се вработат 1000 луѓе, рече на денешната пресс конференција Градоначалникот Никола Бакрачески. Оваа изјава е само потврда на вчерашната најава на премиерот Никола Груески  дека германската компанија ODW ELEKTRIK планира да гради фабрика во  Охридско-струшкиот регион. Инвестицијата ќе чини над 15 милиони евра. општина

Планирано е во текот на наредните неколку месеци да се селектираат првите 100 вработени кои ќе ги пратиме на обука во Германија. До крајот на годината ќе го почнат производството, а фабриката ќе се гради во слободната економска зона во близина на болницата Св. Еразмо на површина од 10.000 квадратни метри. Компанијата ODW ELEKTRIK произведува електрични инсталации за најпознатите автомобилски брендови како Мерцедес, Порше, БМВ и Фолсваген, вели Бакрачески.

Сето ова било последица на  интензивно лобирање и преставување на  можностите и капацитети и нудење на сите оние олеснувања што Локалната ги дала за потенцијалните странски инвеститори , вели Бакрачески. „Наш приоритет и понатаму ќе биде локалниот економски развој и креирањето на нови работни места“, додава Градоначалникот.

Ова е период кога престануваме со праксата на затварање на стопански капацитети и со отпуштање од работа и со почнување на еден нов период во кој Локалната самоуправа заедно со Владата на РМ ќе отвараме нови стопански и индустриски капацитети и ќе креираме нови работни места, вели Бакрачески.

Градоначалникот потсети дека во Охрид ќе биде реализирана уште една странска инвестиција од областа на автомобилската индустрија каде ќе бидат вработени 800 луѓе. Таа официјално ќе биде претставена во месец мај.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top