Инвалидски помагала добија двајца наши сограѓани

Вредна донација за двајца наши сограѓани во инвалидски помагала, обезбеди Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС Балканмедиа“ од Охрид. Решенијата им ги врачи градоначалникот на Охрид а претседателот на здружението, повика на поголема поддршка на општествено одговорните компании кон лицата со посебни потреби.

 |  Николоска Биљана  | 

Двајца наши сограѓани со посебни потреби од денес полесно ќе можат да ги извршуваат нивните тековни обврски, благодарение на ангажманот на Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС Балканмедиа“ од Охрид. Претседателот на здружението Сашо Денесоски рече дека вредноста на донацијата која тие како здружение ја обезбедиле е 15 илијади евра, а ја реализирале во соработка со Мобилност Македонија од каде го добиле списокот на лица кои најмногу имаат потреба од вакви помагала.

Денес усреќивме две семејства. На 15 декември имаме најава на нова донација од 150 000 евра за пристапни рампи и други вакви наменски возила која ќе се доделува преку општина Охрид. Нашата стратегија да помогниме на оваа категорија на лица со посебни потреби ќе продолжи и во иднина. Ова е еден голем чекор и прва ваква донација во Охрид од осамостојувањето до денес. Се надевам дека и другите здруженија, наши колеги и бизнисмени ќе најдат начин да помогнат на ова категорија на граѓани, да направиме една општествена инклузија“

Инвалидските помагала со сопствен погон, завршија кај Александар Котески и Равилко Тасески. Решенијата им ги додели првиот човек на градот Јован Стојаноски. Тој изрази благодарност кон еден ваков хуман гест .

Ние денес правиме еден мал чекор за луѓе кои имаат потешкотии во движењето и се надевам дека ова ќе му помогне, да може колку толку да функционираат понормално“.

Помагало денес доби Александар Котески. Тој рече дека оваа помош за него значи многу, во смисла дека може да појде каде што сака и дека му ги отвора вратите да оди напред.

Моето движење низ градот беше со такси и молба на моите реодители да можад да ме префрлат и вратат до некаде. Превозот е многу тешок. Кај нас во Охрид автобускиот превоз е кочница, ние не можиме да се качуваме во автобус затоа што нема рампа секоја скала за нас е рампа“

Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС Балканмедиа“ работи вече две години. Досега има реализирано една школа за лица со посебни потреби во медиумите, каде се обучени четири лица, од кој еден е веќе вработен.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top