Интервенција на периферни артерии за прв пат во Македонија

Процедурата за поставување на стентови на периферните артери на нозе за прв пат во Охрид. Ваквите интервенции ќе ги изведува медицински тим на Заводот за кардиоваскуларни заболувања кој беше на едукација во Салзбург, Аустрија.

 |  Николоска Биљана  | 
kardioloski
кардиолошки

За прв пат во Охрид ќе се врши интервенција на периферни артерии на нозе со поставување на стент. Примената на оваа нова метода е голем напредок во интервентната кардиологија вели д-р Никола Бакрачески. Додава дека за таа цел тим од доктори и помошен медицински персонал од Заводот за кардиоваскиларни заболувања бил пратен на едукација во Салзбург, Австрија. Првата интервенција во заводот во Охрид ја демонстрираше реномираниот доктор Ара Угурлуоглу од  медицинскиот универзитет Парацелзиус  од Салзбург.

kardioloski„Еве денес имавме можност под негова супер визија и заедно со него тим на наши лекари да изведеме интервенции на периферни артери на нозе и тоа се работи за специјални техники на отворање на хронични тотални оклузии на долги сегменти на надколената и на потколената артерија на ногата. Овие се процедури кои што несомнено ќе бидат нова ера во развојот на интервентната кардиологија не само во Охрид туку и во Македонија. Со оглед на тоа што најголем дел од овие интервенции во минатото завршуваа со бај пас операции на нозе, а еден дел за жал од оние кој што не беа решливи со бај пас операција беа подложени на ампутација на долниот екстремитет“– изјави Бакрачески.

Дека охридскиот медицински тим е подготвен да ги извршува интервенциите на периферните артерии на нозете со поставување на стент, потврди и д-р  Ара Угурлуоглу.

„Среќен сум што сум тука во овој Центар за кардиоваскуларни заболувања,  во кој работи еден навистина љубезен и вешт персонал, кој се состои од доктори и сестри, а убаво сум изненаден и од гостопримството на охриѓани. Спроведовме пет интеревенции, денес две и верувам дека персоналот од овој центар е подготвен самостојно да ги изведува“– вели Угурлуоглу.

kardioloskiПретставничката на компанијата Биотроник, Ивана Чалиќ истакна дека задоволство е да се соработува со еден голем центар како што е Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид кој што има голем потенцијал.

„Тимот е прилично млад, но мотивирани се и навистина во регионот може да се пофалиме со едни вака врвни лекари кои ќе се грижат за нашето здравје, а ние секогаш сме тука да ги поддржиме и да оствариме добра соработка каква што имавме и досега“

Новата метода можат да ја користат сите пациенти од Македонија но и од пограничните градови од соседна Албанија. Инаку, Заводот за кардиоваскуларни заболувања е институција која што изминативе години бележи прогресивен раст и развој. Во овие изминати неколку години воведени се голем број на нови методи и техники во делот на кардиоваскуларната медицина што го следат трендот на светските збиднувања во делот на интервентната кардиологија.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top