Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара интерпелација за работата на Претседателот на Советот на Општина Охрид Душко Јаковчески.
Ќе има ли интерпелација за претседателот на Советот на Општина Охрид, Душко Јаковчески? Дејан Паноски координаторот на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција истакна дека веќе помина деловничкиот рок до кога Претседателот на Советот на Општина Охрид требаше согласно член 42 од Деловникот за работа на Советот да свика седница на Советот на барање на ¼ од советниците, но некој сакаше да избега од тоа и да го скрати правото на демократска расправа.
„Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, денес поднесува иницијатива за интерпелација за работата на Претседателот на Советот на Општина Охрид Душко Јаковчески, како чин за демократска оценка за вистината за раководењето со Советот на Општината. Точката за интерпелација ќе бараме да биде прва точка на наредната седница на Советот на Општина Охрид“ вели Паноски.
Паноски додаде дека овој потег е врвот на нарушувањето на угледот на Советот, предизвикан од марионетската улога на неговиот Претседател, правник по професија, кој направи упад во законските и деловничките рамки и јавно го прекрши Деловникот за работа на Советот, не дозволувајќи да се одржи Седница кога тоа го побарале 10 од 23 советници во Советот. Паноски потенцираше дека нивна цел е да ги вратат изгубените вредности на демократскиот и културниот збор и израз во Охрид кој е нарушен, односно да го вратат угледот на Охрид, кој како што велат е сериозно разнишан.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град