Оваа учебна година во градинката пристигнаа 700тини нови дечиња. Просторот со кој располага оваа институција станува претесен.
Од вчера започна новата учебна година и во детската градинка „Јасна Ристеска“. 615 нови дечиња ќе се образуваат и воспитуваат во оваа предшколска установа, а најавено е запишување на уште 107 деца.
Директорката на оваа установа, Марина Петровска вели дека од година во година бројот на децата кои се згрижуваат во петте објекти со кои располага градинаката е се поголем.
Оваа претшколска установа врши згрижувачка и воспитно образовна дејност и тоа нудејќи полудневен и целодневен престој. Во првиот случај вклучен е еден оброк, а во вториот три оброци. Земајќи ги во предвид се поголемите работни обврски на родителите многупати се јавува потреба од воведување втора смена, вели директорката Петровска. Постои идеја да има и една дежурна екипа која ќе ги згрижува децата за време на викендите, но за тоа се потребни нови вработувања. Дали ваквата идеја ќе се реализира зависи од Министерството за труд и социјална политика, додава таа.
Во рамките на градинката функционира и продолжен престој на деца од школска возраст и тоа од 7 до 10 години. Интересот е многу голем. Досега се пријавени 45 деца, но проблем е просторот каде тие се сместени бидејќи станува тесен за да ги прими сите заинтересирани. Поради тоа во иднина локалната и централната власт треба сериозно да размислуваат за зголемување на просторниот капацитет со кој располага градинката “Јасна Ристеска“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град