Деновиве во Општина дебрца во неколку села интензивно се работеше на зафати за подобрување на водоснабдителната мрежа.
Во село Издеглавје завршена е изградбата на резервоарот за водоснабдување. Вкупната вредност на проектот изнесува 5.072.301 денари, од кои 3.902.260,00 денари се обезбедени преку проектот “Водоснабдување и одведување на отпадни води” , финансиран согласно Договорот за заем од Европската Инвестициона банка, ( овие средства на општина Дебрца и беа одобрени уште во 2012 година ), а 1.170.041,00 денари ќе се обезбедат од Буџетот на општина Дебрца.
Завршена е изградбата на доводен цевковод за водоснабдување на селото Слатински Чифлик, единственото село во Дебрца кое немаше водоснабдителен систем.
Средствата , во износ од 3.491.010 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, Програмата за финансирање на проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби за 2019 година, а по поднесен проект од општина Дебрца.
Завршени се и најголемиот дел од индивидуални приклучоци за домаќинствата во Слатински Чифлик.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град