Инструмент со кој се развива демократијата во РМ

Охридскиот Рамковен договор,овозможи развој на демократијата, рече Претседателот Ѓорге Иванов на отоворањето на Конференцијата посветена на 10-годишнината од Рамковниот договор во Охрид .

 |  Крсте Голабовски  | 
ucenici
ученици

„Охридскиот рамковен договор го верифицира легитимитетот на нашата држава. После него Македонија подобро место за живеење, истакна Азис Положани Амбасадорот на РМ во ОН. Отворајќи ја Конференцијата Претседателот на РМ Ѓорге Иванов истакна дека кога станува збор за придобивките од потпишувањето на Рамковниот, не треба само да го потенцираме тоа што сме го добиле, како мирот и многу други нешта.

„ Но,Треба да се потсетуваме и на тоа што сме го изгубиле. Многу родители ги изгубија  своите деца, но и многу деца ги изгубија своите родители. Некои ги изгубија своите домови, некои своите пријатели, своите соседи. Некои ги изгубија своите идеали, а некои своите идоли. Некои сеуште ги бараат коските на своите најблиски. Имаат право да знаат каде се и што се случи со киднапираните цивили. И јас лично го барам овој одговор“ додаде Иванов.

Претседателот Иванов додаде дека Охридскиот рамковен договор беше основа за измени во Уставот, легислативата, децентрализацијата на моќта, правичната застапеност во државната администрација, обезбедувањето на образование на мајчин јазик, употребата на јазиците, изразувањето на идентитетот. Оттогаш достигнавме едно ниво на поголемо разбирање, почитување и толеранција за разликите.

ucesnici„ Во изминатите години, исполнувајќи го сето она што произлезе од Рамковниот договор ги исполнивме и критериумите за членство во НАТО и подготвени сме за отпочнување на преговорите со Европската унија.  Но, во процесот на тоа евро-атлантско приближување станавме носители на уште една вредност – модел кој се стреми да интегрира, а не да асимилира“, рече Претседателот Иванов.

На Конферецнијата посветена на 10-годишнината од Рамковниот договор свои излагања имаа Филип Рикер, заменик државен потсекретар на САД, Џејмс Пердју, олеснувач на Охридскиот договор и Ален Ле Роа, генерален потсекретар за мировни операции при ОН. На денешната конференција не присуствуваше ниту еден од потписниците на Охридскиот рамковен договор, своето присуство во последен момент го откажа и Премиерот Никола Груевски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top