Претставен инструментот за борба против сите видови на организиран криминал

Свечено претставена Единицата за меѓународна координација на органите надлежни за спроведување на законот ILECU.

 |  Крсте Голабовски  | 
ilecu
ilecu

ilecuОтворена Единицата за меѓународна координација на органите надлежни за спроведување на законот ILECU. Директорот на Бирото за јавна безбедност во Македонското МВР, м-р Љупчо Тодоровски на претставувањето на оваа единица, изјави дека во единицата покрај македонската полиција учествуваат и Јавното обвинителство, Министерството за правда, финансиската полиција и Царината, а станува збор за проект наменет за сите земји од западен Балкан со примарна цел да се воспостават вакви единици во што повеќе земји од регионов и пошироко.

Todorovski

„Идејата е сите информации кои што ги добиваат овие служби или тие со кои контактираат во странство да се слеваат во оваа единица и преку неа да оди размената на информации“, вели Тодоровски.

Со овој проект ќе се зајакне соработката и вмрежувањето меѓу државите кориснички и земјите членки на Европската унија преку воспоставување на механизми за соработка со национални и меѓународни партнери надлежни за спроведување на законот. Заменик проект менаџерот, Волфганг Герцл, изјави дека вака ќе се воспостави брза навремена и квалитетна размена на информации и разузнавачки податоци.

„Во минатото за размената на податоци и информациите понекогаш им беше потребно по неколку дена и по неколку недели, поради големиот број тела и надлежности. Денес имаме моност за брза и координирана реакција“ изјави Герцл.

На претставувањето присутни беа  претставници на носителот на Проектот-Федералното Министерство за внатрешни работи на Австрија, Потпроектниот тим за имплементација од МВР на Република Словенија, Европската Комисија, Интерпол, Сојузната криминалистичка служба на Германија и Романија како и на регионалните тимови на земјите кориснички: Република Македонија, ХрваIтска, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора и Србија.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top