Охриѓани се жалат до инспекторот за животна средина за бројни еколошки нарушувања.
Охриѓани пријавуваат загадувачи на сериозни еколошки нарушувања од несовесни сограѓани, до државниот регионален инспектор вели Игор Трајкоски.
Разни отпадоци се фрлаат во езерските води или на заштитени подрачја кажува Трајкоски. Тој апелира до граѓаните да бидат посовесни каде фрлаат отпадоци.
Дарко Блинков, државниот инспектор од министерството за животна средина и просторно планирање, укажува дека се зајакнува еколошката свест кај фирмите и приватните лица од загадување на животната средина. Сепак и понатака остануваат проблеми за решавање како што се загадувачите на воздухот од издувните гасови на возилата, несоодветното управување со црвстиот отпад, забраната за употреба во езерските води мотори со внатрешно согорување, пречистувањето на отпадните води набројува Блинков.
Престојнава летна сезона и понатака останува неизвесен проблемот кој ќе го чисти крајбрежието. Сеуште не се знае кој ќе го плаќа чистењето на плажите дали државата која ги издава плажите под концесија или локалната самоуправа. Инаку во Охрид се одржува 2 –от национален тренинг на државните инспектори за животна средина во рамките на ЕЦЕНА мрежата. Таа е формирана 2001 година од земјите кандидатки за влез во Европската унија. На макеоднските инспектори искуства им пренесуваат колегите од Бугарија и Романија,членки на унијата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град