Иноваторите неважни за државата

Државата нема слух за иноваторите. Ова е изјава на еден од ретките луѓе кои се посветени на иноваторството, Ратко Ѓорѓевиќ – Рац. Тој во својот иноваторски дом има 11 уреди во кои е применет законот на физиката за наизменично греење, а со тоа и заштеда на енергија до 50%.

 |  Билјана Николовска  | 

inovacija11 можности за заштеда на електрична енергија. Иновациите на Ратко Ѓорѓевиќ – Рац претставуваат примена на законот на физика за наизменично греење. Тој неуморно рабти на оваа проблематика и верува дека еден ден, ќе се исполни неговиот животен сон, една од неговите 11 иновации да се најде на светскиот пазар со препознатливиот знак „made in Macedonia“. Рац ја претстави неговата најнова иновација.
„Се работи за иновација регистер со уље која ид киловат потрошувачката ја сведува на само 300 вати неа ја контролира електронска порта со автоматска регулација на температура преку миникомпјутер“.
Рац вели дека голем е интересот на граѓаните за неговите иновации. Тој додава дека жалосно е што до ден денес нема сериозен произведувач кој би инвестирал во неговите иновации, поточно уредите со кои се постигнува гарантирано 50% заштеда на енергија.
Ratko GjorgjevikRacЗа иноваторите нема место во оваа држава и Владата не е заинтересирана за иновациите, вели Рац.  Во можност сум само да составам некоја иновација, а не и да произведам, додава тој.
Рац смета дека фирма која би се нафатила да произведе било која од од неговите 11 иновации би била најбогата во светот. Денес живееме во криза за електрична енергија и производ со кој може да се заштеди 50% електрична енергија за сите би бил добредојден, додава тој.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top