Информативните табли, мета на несовесни граѓани

Една од основните цели за развојот на туризмот, е преку  информирмативни табли, да се изврши мапирање или промоција на руралниот вид на туристички капацитети и природни богатаства, кои Охрид ги нуди.

tabla
табла

Една од основните цели за развојот на туризмот, е преку  информирмативни табли, да се изврши мапирање или промоција на руралниот вид на туристички капацитети и природни богатаства, кои Охрид ги нуди.

tablaИнформативните табли, кои имаат за цел да ги промовираат убавините на градот, несовесно се уништуваат. Една од основните цели за развојот на туризмот, беше токму преку овој вид на информирање, да се изврши мапирање или промоција на руралниот вид на туристички капацитети и природни богатаства, кои Охрид ги нуди. Проектот беше финансиран од страна на ОБСЕ, а наменет за меѓуопштинска соработка помеѓу Охрид и Дебарца. За таа цел, минатата година во овој период беа изработени 10 информативни табли и на секоја посебно во зависност од тоа на кое место ке бидат поставени, означуваа специфични карактеристики за посоченото место. „Сега очигледно е дека состојбата со тие табли е незадоволителна, т.е. тие се демолирани. Само по себе тоа значи дека пред се оние кои според тие табли треба да се корисни,повеќе немаат таква функција. Зошто е тоа така не знам, но се надевам дека надлежните ќе го санираат проблемот“,вели Горан Мицкоски, соработник во центарот за туризам и ЛЕР.

Општина Дебарца заедно Општина Охрид и финансиска поддршка на ГТЗ спроведе проекти кои се во функција на развој на руралниот туризам за кој реално постојат добри предуслови. Во рамки на тие активности беше спроведен проект, јакнење на инфраструктурните проекти за овие две општини. Исто така беа превземени неколку проектни активности, меѓу кои и уредување на две излетнички места на подрачјето на Општина Дебарца, кај Слатнското езеро и еден во Куратица. Во рамките на Општина Дебарца исто така беа поставени  информативни табли кои се во функција на презентација на сите природни убавини на општините за развој на руралниот туризам, кои се во голема мерка оштетени. „На подрачјето на Општина Дебарца такви табли се поставени 4 кај селото Белчишта, кај Ботун и 2 на магистралниот пат М4 кај Требеништа и кај с. Арбиново. Од нашите сознаниуја од теренот две од тие табли се веке уништени од непознати несовесни сторители. Од страна на локалната самоуправа ќе бидат превземени активности за нивно повторно ставање во функција“,
вели Зоран Молдачевски, комунален инспектор за Општина Дебарца

„Освен овој начин на промоција на руралниот туризам,најголема можност и потенцијал во сегментот на развој на алтернативни форми на туризамот, во моментот е ИПАРД програмата како дел од ИПА фондовите“, посочува Мицкоски. Оваа програма им дава можност и на физичките и на правните лица да аплицираат со сопствени проекти. Минимумот на средства за таа цел Владата на РМ го има сведено на прифатлива сума од 5000 евра. Со вредноста на проектите и мерката 302, сега веќе се отвора можност за развој во оваа насока. За 2010 год се предвидени околу 60 милиони евра, само од програмата за развој на руралниот туризам“, додава тој.

Огромен потенцијал за развој на алтернативните форми на туризам претставува прекуграничната ИПА компонента со Реп. Албанија каде Општина Охрид би требало во партнески односи да го стави целиот регион во функција на развој на руралниот туризам.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top