Универзитетот за информатички технологии – Охрид, ги чека новите студенти. Од таму, досега се задоволни од досегашниот одзив на идните академци, како од домашни така и од странци. Ректорот на универзитетот проф. Данчо Давчев вели дека веќе се заокружува бројката од околу 100 студенти на 5 те факултети кои работат во рамките на универзитетот. Тој додава дека годинава максимално биле ангажирани за да ги обезбедат сите услови за студирање на идните академци.
Годинава формиран е и т.н. научно истражувачки совет во кој што учествуваат и членуваат повеќе од 20 тина реномирани експерти од целиот свет, вели Давчев. Тој додава дека во наредниот период посебен акцент ќе се даде на научно истраживачката работа креативноста и иновативностаа на универзитетот, вклучувајќи ги тука и студентите. Давчев ја потенцира важноста на соработката на институционално ниво помеѓу охридскиот со универзитетите од странство.
Стдентите кои се на информатичкиот универзитет имаат големи предизвици за иднина. Универзитетот е поврзан со македонската индустрија, вели Давчев. Тој додава дека се стремат за изградба на интернационално признат бренд во образованието, што пак е основен предуслов за привлекување на светските брендови во информатичкиот сектор.
Екипата која што моментално работи во универзитетот досега има направено големи напори во последните месеци за промоција на факултетот преку разни емисии, едукации на средношколците каде се објаснуваат наставните содржини на овој универзитет, велат од универзитетот. Во рамките на универзитетот за информатички технологии работат 5 факултети:
Компјутерските науки и инженерство, Комуникациски мрежи и безбедност,
Машинската интелигенција и роботика, Информатичките системи, визуелизација, дигитална мултимедијална и анимациска техника и Информационите теории и анализи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град