Лицата со посебни потреби во локалната самоуправа добија „Инфо точка“

Пуштена во употреба „Инфо Точката“ за лица со посебни  потреби.

 |  Маленкова Татјана  | 
opstina dostapna za site
општина состапна са сите

„Инфо Точката“ како услуга градоначалникот Бакрачески им ја вети на лицата со посебни потреби при првата средба откако стана градоначалник. Оваа точка е во координација со она што претставува потреба за подобар сервис на оваа категорија граѓани од страна на администрацијата во општина Охрид.„Овие лица ќе имаат подеднакви права и услови како и секое друго лице кое има потреба од вршење на работи од страна на општинската администрација“, вели првиот човек на општина Охрид градоначалникот Никола Бакрачески.

„Ова е инфо точка каде лицата со посебни потреби веднаш по влегувањето во општинската зграда ќе имаат opstina dostapna za siteможност да пристапат до оваа точка да повикаат на телефонската линија на локал 100 и потоа ќе биде пратено лице кое ќе биде надлежно да ги спроведува сите сервисни услуги на лицата со посебни потреби. Овие лица нема да има потреба да се движат никаде, тие треба само да дојдат до ова катче и да ги чекаат вработените да ја завршат работата“, вели градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.

Членовите на телесно инвалидизираните лица „Мобилност“ Охрид презадоволни од тоа што конечно некој се сети на нив и нивните проблеми. Тие велат дека долго време оделе од врата до врата барајќи решение на нивните проблеми, но досега не добивале ништо освен ветувања. Сега оптимистички гледаат дека дел по дел ќе се решат и другите нивни барања.

„Градоначалникот Бакрачески е еден од првите инициатори и пионери во остварување на правата на лицата со инвалидитет затоа што контактирајќи со други наши пријатели од други градови имаме сознанија дека Општина Охрид е прва и единствена со овој гест, со тоа што се остварува рушење на архитектонските opstina dostapna za siteбариери односно остварување на невозможното да биде возможно односно нееднаквоста еднаквост“, вели Снежана Танеска, член на управен одбор на „Мобилност“- Охрид.

Градоначалникот и на денешаната средба вети дека оваа пристапна точка е само дел од грижата која локалната самоуправа во иднина ќе им ја посветуваат на лицата со посебни потреби и тоа не само во општинската зграда, туку и во сите други  објекти. Тој вети дека се рзгледуваат институциите и локациите каде за брзо време ќе мора да се изградат пристапни рампи и ракохвати, со цел лицата со хендикеп да можат да си ги завршат услугите и нормално да се движат.

Градоначалникот кажа дека размислува и за изнаоѓање на трајно решение за просторот каде е сместено здружението „Мобилност“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top