Интро
Инфо ден во Охрид за програмата „Еразмус плус 2014-2020“. Организаторот, Националната агенција за европски образовни програми, информираше дека новина е тоа што во програмата Еразмус Плус сите правни лица имаат можност да бидат учесници и да бидат грантирани.
Денес во големата општинска сала беше претставена прогамата на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, „Еразмус плус 2014-2020“. Претставниците од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, кои се и организатори на настанот Инфо ден, кажаа дека задоволни се од одзивот на Охрид и Универзитетот „Св Апостол Павле“. Програмскиот офицер Александар Богоевски рече дека во 2009 година имало само пет студенти кои реализирале студенски мобилности надвор од нашата земја, за да академската 2017 – 2018 има повеќе од 500 студенти.
„Самата програма „Еразмус плус“ не го опфаќа само делот на високото образование ги опфаќа сите образовни циклуси почнувајќи од предшколска возраст па се до образование на возрасни, вклучувајќи го делот на младите и спортот и новина е од 2014 година со тоа што сите правни лица во РМ имаат можност да бидат учесници во програмата „Еразмус плус“. Што значи НВО, Здруженија на граѓани, Универзитети, основни, средни општи и стручни училишта, фризерски салони, фирми, компании државни институции имаат можност да бидат учесници во програмата и за тоа дас бидат грантирани“
Богоевски кажа дека во програмата „Еразмус плус “ не се занемарени и професорите на универзитетите кои што имаат можност да предаваат на реномирани универзитети а исто така да предаваат и во некои од меѓународните компании на Европско ниво. На денешниот настан, Инфо ден, пред присутните се обрати и градоначалникот на Охрид проф. Јован Стојаноски. Тој порача средствата кои се нудат од ЕУ преку фондовите граѓаните максимално да ги искористат.
„Обуките се најважниот дел од вашето неформално образование и посебно оваа програма мора да ја користите многу во понатамошниот ваш развој и како средношколци и студенти но и понатака кога ќе успеете да се вработите затоа што и сега доаѓам од состанок на кој разговаравме за обуки ов рамките на нашата општина. Без обука нема напредок во животот тоа да го сватите“
Секоја година програмата „Еразмус плус“ има зголемување на средствата. Програмата за 2014 – 2020 е со една импозантна бројка на средства во висина од околу 14 милијарди евра на Европско ниво и дел од тој буџет има и нашата земја, информираа од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Инаку, „Еразмус плус“ е интегрирана програма на Европската Унија во областа на образованието, обуката и младите и генерално нуди можности за корисниците за обука во странство или креирање на заеднички проекти на теми од заеднички интерес помеѓу различни партнерски институции. Од 2014 година Република Македонија стана полноправна членка на Програмата Еразмус плус и се стекна со статус на Програмска земја.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град