Кардиоваскуларните заболувања земаат епидемиски карактер. Возрасната граница драстично паѓа.
СТОП на крвен сад кој го исхранува срцевиот мускул, претставува инфаркт. Ваквата состојба најчесто, иако со исклучоци ја наговестуваат одредени симптоми како што се: непријтно чувство во пределот на градите, срцебиење, аритмија, намалена физичка способност. „Меѓутоа, реалната состојба со која секојдневно се среќаваме, не упатува на сосема друга насока“, вели Д-р Сашо Василевски. „Многу често оваа појава настанува без никаков аларм од страна на организмот. Можам слободно да кажам дека состојбата е загрижувачка. Возрасната граница при која настанува инфаркт драстично паѓа. Се почесто наши пациенти се лица под 30тата год. од животот. Ова настанува како директна последица токму на функционалноста на кардиоваскуларниот систем на младиот организам. Нивното срце може да работи и 100год без проблем, меѓутоа кај него крвните садови се без колатерали , без понатамошни нови крвни садови. Кај нив миокардот е драматичен па сериозноста од ризик за смрт е голема“, вели Василевски.
„Генетската предиспозиција е многу важен фактор. Ендокринолошките заболувања се пропратен дел. Зголеменото ниво на масти во крвта, појавата на шеќер во крвта, каде возрасната граница и тука оди надолу, нездравиот начин на живот, пушењето, намалената физичка активност и најважно од се транзиционо брзото темпо на живот пропратено со високо ниво на стрес, се фактори делуваат на заболување на кардиоваскуларниот систем“, вели Д-р Василевски.
„Интерното одделение при општата болница во Охрид поседува лекарства кои се модерни, од најнова генерација и кои за 30тина минути го разбиваат настанатото запушување, вели тој. Од пред три год во Охрид, исто така имаме интервентна кардиологија која е добра основа да нашите пациенти многу бргу се згрижуваат“, вели Василевски.
„Можеме да заклучиме дека состојбата е навистина алармантна и најитно треба да се превземат одредени превентивни мерки. За почеток, мора да создадеме култура на живеење, која се состои во редовно контролирање на здравствената состојба. Исто така, мора да зајакнат односите меѓу општите лекари, специјалистите и субспецијалистите. Во оваа насока, ние како институција можеме да се пофалиме со перфектна соработка со Кардиолошкиот центар, што носи бенефит и за нас, и за нив, меѓутоа најголемата добивка ја имаат пациентите, кои навремено и без грешка добиваат квалитетна услуга“, вели Д-р Сашо Василевски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град