За решавање на проблемот со невработеноста кандидатот за градоначалник од НСДП Ацо Попоски, планира изградба на нова индустриска зона надвор од градот.
Индустриската зона ќе се гради според европските стандарди со комплетна патна, канализациона и водоводна мрежа. Покрај стандардните производствени капацитети, се предвидува во нејзин склоп да работат и обијекти од трговски и угостителски карактер. Со изградбата на новата индустриска зона се предвидува да се привлечат голем број компании од европските земји.
Ацо Попсоки најавува дека, сите нови компании кои ќе инвестираат во Охрид ќе имаат бенифиции во зависност од висината на инвестициите и бројот на вработените.
Бројката на невработени е голема. Но решението на проблемот со невработеноста, треба да се бара без да се наметнува притисок врз населението.„ Секојдневното потенцирање на проблемите со светската економска криза и невработеноста внесува се поголема разочараност во животот на граѓаните“ – додаде на крајот од своето обраќање кандидатот за градоначалник Ацо Попоски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град