Кон Директорката на ЈП Билјанини извори, вработени во претпријатието и едриличари присутни во моментот на локацијата биле упатени навреди и закани од претставници од ЕК Стрмец, револтирани од одлуката на општината да го додели на стопанисување тој простор на јавното претпријатие.
Половина час откако претставници на ЈП Билјанини Извори влегоа на простoрот кај сидрилиштето за пловни објекти до мостот кај Студенчишки канал , дошло до инцидент. Според кажувањето на Директорката на ЈП , претставници на ЕК Стрмец, кој го користеше тој простор пред општината да го додели на времено стопанисување на Билјанини извори, своето незадоволство го изразиле преку вербални напади кон неа и вработени во претпријатието.
„На самото место кај сидрилиштето дојде прво Тодор Робчев. Истиот тој незадоволен поради превземањето на недвижниот имот од наша страна ги повика претставниците на СВР Охрид да интервенираат. После доаѓањето на претставниците на СВР Охрид имаше дискусија при што се обидувавме да му објасниме дека имаме согласност од Советот на градот за стопанисување на таа катастраска парцела. Дојде и неговиот брат Славчо Робчев кој почна недолично вербално да не напаѓа , прво моите вработени а потоа и мене. Интервенираше полицијата со опомени кон него.“ – Гордана Јованоска – директор на ЈП Билјанини извори
Полицијата ја смирила ситуацијата по што сите инволвирани се упатиле во полициска станица да дадат изјави. Меѓу лицата кои завршија во станица бил и сопственикот на едрилица Славчо Мошовски кој исто така бил вербално нападнат.
„При сервисирање на едрлицата на паркингнот пред Котва бев вербално нападнат од претседателот на ЕК Стрмец. Случајот го пријавив во полиција и се надевам дека надлежните ќе си ја завршат својата работа. Беа упатени закани по живот. Загрижен сум и за мојот имот, моите едрилици, бидејќи добив закана дека доколку некој влезе на просторот сите едрилици ќе бидат искршени .“ – вели Мошовски.
Директорката на ЈП Билјанини Извори вели дека за досегашните вербални навреди нема да поведат судски спор и да бараат извинување Но, додава дека доколку се продолжи со таков начин на однесување ќе ги искористат сите правни можности што им ги дава законот.
Од СВР Охрид го потврдуваат настанот. Се работи на расветлување на случајот, вели портпаролот Стефан Димовски.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град