Инцидент пред угостителски објект во Охрид

СВР Охрид информира дека денес, 18ти август, во 11:35 часот, во СВР Охрид, лицето С.Т.(41) од Охрид пријавил дека пред угостителски објект, бил физички нападнат од Н.У. (45) од Охрид.

 |   | 

СВР Охрид информира дека денес, 18ти август, во 11:35 часот, во СВР Охрид, лицето С.Т.(41) од Охрид пријавил дека пред угостителски објект, бил физички нападнат од Н.У. (45) од Охрид.

Нападнатиот Спиро Топаловски за ТВМ го изјави следново:

Ме викна г-динот Нефи Усеини да разговараме во врска со Зоре Темелкоски затоа што ми прави опструкции и ме пријавува за куќава. Јас отидов на разговор, но тој дојде со Зоре, јас му реков не сакам да разговарам со тебе, сакам да разговарам со Нефи. Јас влегов во кола, и пред да тргнам, тој ме удри три четири пати, јас пробав да му вратам, тој го извади пиштолот и го впери кон 14 годишно дете, мојот син, прво во нозе, па во гради. Скокнаа и брат му и уште двајца други и ме удрија неколку пати во главата. Се надевам дека институциите ќе го решат засекогаш проблемот со Нефи Усеини. Доста цел град го тероризира Нефи Усеини.“, кажа Топаловски.

Инаку, ова не е прв случај советникот Нефи Усеини да иучествува во инциденти. Во април минатата година спречи со закани инспектор да изврши увид на дивоизградена тераса кај чинарот. Два месеци потоа Јавното обвинителство отвори предмет за напад над советникот Џемал Мена, а физички нападнат пред неговиот дом беше и професорот Илјаз Илјази. Сите предмети отворени против Нефи Усеини во охридското јавно обвинителство тапкаат во место.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top