Инцидент во ОО на СДСМ Охрид

Познат изнудувач се обидел да го наруши јавниот ред и мир со вербален и физички напад врз претседателот на огранокот на СДСМ. Настанот потврден од СВР Охрид.

 |  Билјана Николовска  | 
sdsm
сдсм

Naume JovanoskiПознат изнудувач од Охрид, вчера околу 20 часот, во просториите на ОО на СДСМ, вербално и физички го нападнал претседателот на огранокот, Науме Јованоски. Ова за ТВМ го потврди портпаролот на СВР, Стефан Димоски, каде случајот бил пријавен.

Портпаролот рече дека во текот на денешниот ден, стручните екипи на СВР работат на пронаоѓање и повикување на лицата кои се пријавени, со цел да се изврши разговор со нив, како би се утврдиле сите наведени искази од страна на пријавувачот. Димоски додаде дека доколку се потврдат исказите, ќе следуваат соодветни пријави против сторителите.

Според првичните и неофицијални информации со кои располага ТВМ, причина поради која се случил овој инцидент е неисполнетото ветување за вработување на лицето Ц.М, кое наводно му го ветил градоначалникот Александар Петрески. Според истите извори, изнудувачот и денес го посетил седиштето на СДСМ во Охрид, но не го затекнал претседателот.

Се обидовме директно од Јованоски да добиеме потврда или демант на овие информации, но не успеавме да стапиме во контакт со него, бидејќи не одговори на нашите повици.

Додека пак, градоначалникот Александар Петрески, во телефонскиот разговор ни рече дека прв пат слуша за ваков инцидент, не е запознаен со настанот и нема што да коментира за тоа.

Останува, стручните служби при МВР да го расветлат случајот и докажат дека безбедносната состојба во градов е на потребното ниво.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top