In Memoriam Драгица Силјаноска

Утрово, по кратко боледување на 62 годишна возраст  почина Драгица Силјаноска, истакнат културен работник од Охрид.

 |  Валентина Нелоска  | 

Dragica SiljanoskaУтрово, по кратко боледување на 62 годишна возраст  почина Драгица Силјаноска, истакнат културен работник од Охрид.

Силјаноска својот професионален ангажман како новинар го започна во радио Охрид. Понатака следуваа нејзините работни ангажмани во прес службата на Отекс, во дописништвото на НИП Нова Македонија, во Дом на Културата, во Градската библиотека и Балкански Фестивал. Функцијата директор на библиотеката Григор Прличев ја извршуваше  во периодот од 2003 до 2007 година. За време на нејзиниот четири годишен мандат како директор, библиотеката ја доби повелбата Св Климент Охридски за успешна работа и афирмација на културата во Охрид.

Последниот работен ангажман и беше во Центарот за култура Григор Прличев.

Посмртните останки на Драгица Силјаноска ќе бидат положени утре во 13 часот на Градските гробишта во Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top