IN MEMORIAM Почина новинарот Драган Чубриќ

По кратко боледување, рано  утово почина  Драган Чубриќ (67) , долгогодишен новинар од Охрид.

 |   | 

По кратко боледување, рано  утово почина  Драган Чубриќ (67) , долгогодишен новинар од Охрид.

Чубриќ дипломирал новинарство во Белград. Имаше плодна и богата новинарска кариера. Беше  дописник на дневните весници „Нова Македонија“, „Вест“, во еден период  работеше и како уредник во ТелевизијА ТВМ – Охрид , сопственик на порталот „ОhridLive“, последните години беше дел од тмот на „SDK“. Негова пасија беа малите модели на авиони, беше  претседател на Аерооклубот „Охрид”.  Ќе остане запаметен по љубовта кон новинарството,  како доследен и професионален новинар од „старата гарда“ , кои беа основоположници и чувари на достоинството на професија.

Чубриќ во својата долгогодишна кариера и „навезаните“ безброј  текстови и труд остави белег  во охридското и  македонското новинарство.

Погребот ќе биде утре во 12 часот  на градските гробишта во Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top