• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Имотот кој што ГФ „Трудбенк“ и го понуди на Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор, неприфатлив

Имотот кој што ГФ „Трудбенк“ и го понуди на Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор, неприфатлив

Продолжува неизвесноста за петте охридски фамилии кои може да останат без своите станови иако уредно ги платиле уште пред 4 години, а причина е неплатен долг на Градежната фирма „Трудбеник“ кон Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор.

 |  Јаковлева Лионела  | 
spor karpos
спор карпош

 

Имотот кој што ГФ „Трудбенк“ и го понуди на Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор за неа е неприфатлив. Имено во саботата првиот човек на Агенцијта Цветко Грозданов оствари средба со сопственикот на Градежната фирма Трудбеник, Ацо Спироски со цел да се изнајде некакво најбезболно решение за охриѓаните чии што станови се предмет на извршна постапка поради наплатен долг на „Трудбеник“ кон Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор. На средбата Спироски понудил неизградено градежно земјиште кое што според Грозданов не може да биде гаранција за долгот што го има „Трудбеник“.socijalna zgrada

Има расположение да се даде мал временски период во кој Ацо Спироски би можел да обезбеди друго покритие во смисол на станови кои се сопственост на приватно или правно лице кои ќе ги стави како гаранција со кои ќе можеме да го наплатиме долгот. Доколку тоа го нема тогаш во даден временски рок треба да изврши уплата на средствата кои ни ги должи, рече Грозданов.

Грозданов вели дека бидејќи во дадениов момент „Трудбеник“ нема друг слободен имот освен овие пет станови долгот мора да се покрие со приватен имот   во вид на недвижнини.

Од моја страна има расположение согласно законот два пати да го одложам извршувањето. Тоа би значело дека постапката ќе се пролонгира за околу шест месеци. Истото може да го направи и Спироски поднесувајќи барање до претседателот на судот извршувањето да го одложи за три месеци, додава Грозданов.
 
Извршителот  Душан Филиповиќ кој е ангажиран за овај случај во телефонскиот разговор кој го направивме не сакаше да даде никаков коментар велејќи дека тој ја извршува само својата законска должност и целата постапка е во согласност со законските одредби.

Инаку, доколку Трудбеник не успее да го подмири долгот кон Агенцијата за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, петте охридски фамилии ќе останат без своите станови иако уредно ги платиле уште пред 4 години.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top