ИмаТ и во Охрид супер музика за без пари

Култниот Биг Бенд на Македонската радио телевизија со незаборавна свирка за охриѓани и туристите.

 |  Мишел Наумоски  | 
big bend
биг бенд

quba koncertНивниот фанк, џез, соул, македонските и странските песни, ги воодушеви сите присутни на плажата „Куба Либре“. Сопствениците на објектот велат дека синоќешната забава била нивниот подарок за посетителите. Синоќа охриѓани и бројните туристи имаа уникатна можност да уживаат во звуците и мелодиите на култниот Биг Бенд на Македонската радио телевизија. 

Овој фантастичен состав на музички таленти, од кои голем број членови на Македонската филхармонија, на сите посетители на плажата Куба Либре на Охридското крајбрежје им понудија неверојатни џез и фанк звуци, македонски и странски мелодии.

quba libre svirkaВо екот на медиумските превирања околу тоа колку Охрид е скапа туристичка дестинација, сопствениците на Куба Либре велат дека решиле да ги почестат своите посетители со бесплатен концерт во единствени услови, убава храна, пијалок и прекрасен поглед. Додаваат дека за нив концертот нема никаква финансиска оправданост, но дека благодарноста кон редовните посетители е далеку поголема од тоа. Во согласност со можностите, велат дека би сакале да можат барем уште еднаш да го повторат ваквиот концерт, но во меѓувреме на гостите ќе им нудат подеднакво уникатно уживање.

Бидејќи во последно време е популарно да се објавуваат слики со фискални сметки од угостителски објекти од Охрид, еве решивме и ние да објавиме некоја снимка…уживајте бесплатно.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top