Охридското езеро и Пештерата Врело имаат големи шанси да влезат во потесниот круг на номинации за новите седум светски чуда.
Охридското езеро и Пештерата Врело имаат големи шанси да влезат во потесниот круг на номинации за новите седум светски чуда.
Ќе се натпреваруваат во конкуренција со 77 номинирани природни атрактивности.
Денеска завршува вториот круг од гласањето во рамките на глобалниот избор за новите седум светски чуда на природата. Пред истекот на рокот за гласање Охридското езеро се наоѓа на одличното шесто место маѓу финалните единаесет. Пештерата Врело засега е на тринаесетото место соопштуваат од Македонскиот комитет за ниминација. Конкурираат 77 природни атрактивности од кои независна комисија предводена од генералниот секретар на Унеско Федерико Мајор ќе треба да избере 28 финалисти. Доколку Охридското езеро влезе во финалето, тоа ќе биде извонредна прилика цал свет да ддознае за него и природните убавини кои ги имаме.
Активности за влез на Охридското езеро и Пештерата Врело првзема и државата. Високи државни институции активно лобираат да го донесат поранешниот секретар на УНЕСКО на свеченото отворање на фестивалот„Охридско лето“.
Изборот на нови седум светски чуда преку Интернет беше покренат пред 18 месеци со 440номинации од 220 земји. Од сега веќе 77 селектирани номинации со независна арбитража ќе бидат избрани 28 финалисти од кои повторно по интернет- гласање до 2011год. ќе бидат избрани новите седум светски чуда на природата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град