Прво годишно собрание на акцијашите волонтери од Македонија. Сакаме да наметнеме нов принцип каде што младите ќе научат што е тоа волонтеризам, хуманост и солидарност, вредности кои засега ги нема ниту меѓу младите ниту меѓу возрасните, велат од Сојузот на акцијаши волонтери на Македонија.
Младинските работни акции беа најромантичниот дел од Југословенската историја. Љубовта, носталгијата, дружбата и стекнатите хумани навики од тие средби, до ден денес оставија неизбришливи траги кај акцијашите, поточно од времето каде што хуманоста, солидарноста и волонтеризмот беа нивен основен водич на патот кон успехот во животот. Денес во големата општинска сала во Охрид се одржа годишното собрание на Сојузот на акцијаши волонтери на Македонија на кој присуствуваа 30 делегати од 4 градови Охрид, Скопје Куманово и Штип.
„Волонтерството и акцијаштвото се многу сродни има заеднички допирни точки бидејќи волотерството произлезе од акцијаштвото, односно доброволното работно ангажирање, по своја воља без парична надокнада да се придонесе во развојот на локалната заедница“ – изјави, Јусув Љатифи, претседател на Здружение „Кумановски акцијаши“
На денешното годишно собрание на акцијашите волонтери од Македонија ќе се донесе годишната програмата за 2017 и за дел од 2018.
„Ќе покренеме иницијатива за организирање на меѓународен волонтерски камп каде што присутни ќе бидат нашите пријатели од скоро сите балкански земји а во склоп на денешните активности предвидена е локална работна акција каде што ќе биде вклучен и нашиот подмладок на делницата од Хидробиолошки до хотел Славија“ – вели Зоран Стевоски од охридското здружение Бран на младоста.
Охридското здружение на акцијаши волонтери брои 200 членови од кои 100 млади од Основните училишта. Нивна основна цел на делување е заштита и унапредување на животната средина и хуманизмот. Во светски рамки над 200 милиони луѓе волонтираат.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град