Граѓаните и одговорните како да подзаборавиле дека во градов треба да има вакви објекти.
Охриѓани има каде да се засолнат доколку дојде до тоа. За 60 насто од Охриѓаните има засолништа.
„Од дирекцијата за заштита и спасување побаравме да ни достават број на потребни засолништа, за да ги ставиме во програмата на урбанизација“, велат од секторот за урбанизам.
Граѓаните не ја знаат локацијата на засолништата а не ја знаат ни нивтата намена во мирно време.
Во деведесеттите со закон беше регулирано, секој поголем стамбен објект или колективно становање, да има и скривница, доколку во непосредна близина не постои таков објект.По тој закон, беа изградени доста засолништа, кои години наназад се оставени на забот на времето и не функционираат. Потоа следеше пракса да може да се плаќа за вакви објекти а да не се гради во индивидуални стамбени објекти, а заедничките или да ги градат или да плаќаат. Во меѓувреме се укина и тоа и целата обврска се префрли на локлната самоуправа.
Со измените на законот , во иднина ќе се градат само заеднички засолништа, бидејки индивидуланите објекти, не се законски обврзани да градат вакви објекти.Во анексот се означуваат локаците така да при изработката на деталниот урбанистички план на одредени локации,ќе се градат заеднички засолништа. Нив ќе ги гради државата. Се размислува само како ќе биде решен овој проблем за жителите од стариот дел на Охрид.
Од секторот за урбанизам се сложуваат дека вакви објекти мора да има во доволен број. Арнаудов вели дека најдобро е тие да бидат, двонаменски, да може да функционираат и за време на мирен период. а со тоа да се одржуваат. Дирекцијата за заштита и спасување треба да си земе обврска да ги адаптира и пренамени за мирно време, вели Арнаудов.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град