Има или не Охрид, доволна музејска понуда?

Туристите кои доаѓаат во Охрид, не остануваат рамнодушни на неговата убавина, ама  најчесто се одлучуваат да ги посетат само локалитетите каде што не се наплаќа за разгледи.

 |  Нелоска Валентина  | 

Туристите кои доаѓаат во Охрид, не остануваат рамнодушни на неговата убавина, ама  најчесто се одлучуваат да ги посетат само локалитетите каде што не се наплаќа за разгледи. Така, туристите најчесто ги посетуваат  Античкиот театар, Св. Богородица Привлепта, Плаошник. Музејските работници се жалат дека туристите поминуваат покрај нив и ги одминуваат иако за посета се наплаќа само 100 денари. Туристичките водичи се согласуваат со ова ама велат дека за таквата состојба тие не се виновни. Работиме според програма на туристичките агенции кои пак не ги ставаат Музите во програмите за разглед, велат водичите.   
Според директорот на Завод и Музеј,Тања Паскали Бунташеска туристите во Охрид имаат добра музејската понуда. Со нејзината констатација не се согласуваат туристичките водичи.

„Музејската понуда за туристите и ова лето ќе биде посиромашно од огромното археолошко културно богатство кое го поседува Музејот.
Во музејските депоа и понатака ќе чмаат и понатака златните и етнолошките предмети, како и експонатите од некогашниот Музеј на Словенската писменост“.

Туристичките водичи кои што ги контактиравме, но сакаа да останат анонимни, велат туристите сакаат да ги видат Златната маска, народните носии, музички инструменти, документи од  Словенската писменост. Додаваат дека нема  туристички проспекти, недостасуваат археолози куратори. На Плаошник зборуваат за првиот словенски Универзитет на Балканот, а нема нити еден експонат од словенската писменост. Се жалат и на хигиената во Музеите, со исклучок на Музејот на вода. Додаваат дека при разгледите на Самоиловата тврдина нема поставено нити една копија на Самоилова плоча, нема брошури. Установите треба еднаш да имаат приоритети ако сакаат да ја збогатат вистински музејската понуда и од влезниците при тоа, да заработат пари, додаваат водичите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top