Ќе има ли криза за леб?

Македонија неподготвена за годинешната балканска криза за пченица.

 |  Татјана Маленкова  | 
Ljupco Dimovski
Љупчо Димовски

Македонија неподготвена за годинешната балканска криза за пченица.

„Владата ги превзеде сите неопходни мерки за да го заштити трудот на производителите. Проблеми со леб, нема да имаме“, вели министерот за земјоделство, шуматрство и водостопанство, Љупчо Димовски.  

комбајнМакедонија нема да има проблеми со леб, тврди министерот за земјоделство Димовски. Владата и министерството за земјоделство, шумерство и водостопаство ги превзеде сите неопходни мерки со кои ќе го заштити трудот на производителите на пченица, јачмен и `рж.

„Ја зголемивме субвенцијата по хектар од 6000 на 8000 денари. Имавме договори со млинови бесплатно да ја прифатат пченицата и истата да ја продадат по 8 ден. за кулограм, а доколку дојде до покачување на складираната пченица да ја продадат по повисока цена“, вели министерот Димовски.

Напоменувам дека меркантилната пченица е берзанаски производ со соодветна берзанска цена. На Пазарот, понудата и побарувачката се основниот регулатор на формирање на цената.

„Владата и министерството неможи да влијае ни за нејзино покачување ни намалување“, вели министерот. Тој додава

„Мислам дека преку мерката за објавување оглас за 12 тони пченица и јачмен, далеку помогнавме околу зацврстување на цената“.
Постојаниот раст на цените, според мелничарите, требало порано да ја алармира Владата да се подготви за недостигот од лебно зрно.

Тврдењата на министертот Димовски, дека владата и житопроизводителите најдоа компромис околу цената, земјоделците ги побиваат. Жито производителите веќе три месеци бараат од мелничарите цена од 12 денари за пченицата и 10 денари за јачменот.Како компензација за ниската откупна цена, Владата им вети уште 2.000 денари субвенција по хектар, но земјоделците останаа на барањето да добијат и два денари по килограм.

Дел од земјоделците велат дека мелничарите ги уценуваат со цените. Ќе бараат странски експерти да утврдат дали е реално мелничарите да заработуваат стотици пати повеќе на нивната мака.Уште еднаш се заканија дека ако не ја добијат бараната цена, нова сеидба нема да има.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top