Ќе има ли двосменско работење во градинката?

ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, нуди можност за двосменско работење. Последниот збор за тоа дали постои интерес за реализација на една ваква идеја, ќе го кажат родителите, информираат од Установата.

 |  Николоска Биљана  | 
gradinka
градинка

Охридската Детска градинка го опипува пулсот на родителите за воведување на двосменско работење во установата. gradinkaИдејата потекна од изборната програма на првиот човек на градот  Никола Бакрачески, вели в. д. директорката на градинката Роза Костеска.

„Во моментов тече една анкета со родителите кои што веќе ност деца во градинката да видиме колкав е нивниот интерес. Исто така ги злоупотребивме вашите медиуми во една прилика во која што кажавме родителите кои што се заинтересирани да се обратат во службите во градинката. Кој е заинтересиран нека дојде во службите на градинката од 8 и 30 до 16 и 30 за да видиме отприлика колкав е бројот за да видиме како ние ќе се организираме“.

Воведување на двосменско работење во охридската детска градинка во секој случај ќе ги зголеми и кадровските потреби на устновата, што секако тоа само по себе ќе отвори  и дополнителни финансиски издатоци, потенцира Костеска.

gradinka„Овој персаонал е малку за да можеме да работиме во две смени. Самото тоа подразбира нови вработувања кои што би работеле секако во соработка со веќе постоечкиот персонал.  Имајќи го во предвид работното време на родителите значи раборното време за втора смена би било од 13 и 30 до 10 часот навечер“.   

Доколку се воведе двосменското работење во детската градинка Јасна Ристеска цената на услугата иако е премала ќе остане иста, потенцира Костеска. Додава дека ресорното министерство во иднина треба да размисли околу висината на сумата истата малку да се зголеми бидејќи во секој случај работата со деца предвидува не само одговорна туку и квалитетна услуга. За да биде оправдано двосменското работење треба најмалку да има 50 деца, но искуството од минатите години покажало дека интересот кај родителлите е мал.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top