Или пререгистрација или привремено губење на здравственото осигурување

Се ближи крајниот рок за пререгистрација на невработените лица. Од подрачното одделение на Фондот за здравствено осигурување се жалат на слаб одзив кај граѓаните.

 |  Мишел Наумоски  | 
FZOM
ФЗОМ

Невработените охриѓани кои се здравствено осигурени на товар на државата, доцнат со пререгистрацијата. Ова го говорат податоците кои ги добивме од подрачното одделение на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Од околу 7000 невработени лица осигурени по овој основ, досега се пререгистрирале само 1000.

preregistracija nevraboteni Последниот рок за оваа пререгистрација истекува на 31ви овој месец, односно остануваат уште нешто повеќе од две недели за останатите 6000 кои не се пререгистрирани.

„Одзивот мора да признаам не е баш добар, тоа е веројатно навика на нашиот народ, последниот момент да ги врши работите. Јас апелирам да сите тие што се осигурени на тој начин, како невработени, односно лица без приходи, да дојдат што побрзо во фондот, на шалтерите 7 и 8, да ја пополнат таа изјава за приходи за 2012 година како би можело нивното осигурување да продолжи да тече и понатака.“-вели раководителот на подрачното одделение на ФЗОМ, Славе Крстаноски.

Крстаноски вели дека станува збор за кратка и едноставна постапка која доколку не биде направена во предвидениот рок, ќе значи автоматско бришење на невработените од евиденцијата на Фондот со што нивното здравствено осигурување ќе престане да важи. Што значи тоа, објаснуваат матичните доктори.

izjava za prihodi„Ако го изгубат осигурувањето, ќе немаат право на здравствено осигурување. Значи јасно е кажано, ќе бидат здравствено неосигурени лица. Штом се здравствени неосигурени лица, не можат да влезат во здравствениот систем. Тие можат да влезат, меѓутоа каде што ќе влегуваат само ќе трошат пари и средства, наместо да ги добиваат услугите онака како што се предвидени со позитивните законски прописи односно ќе бидат изложени на непотребни трошоци. Зошто тоа да се случува ако тоа сега можат уредно да го направат до 31ви.“-рече Љупчо Костески-координатор на Здружението на приватни лекари.

Инаку пререгистрацијата не се однесува само на невработените кои не оствариле приход во претходната година, туку и на оние кои во текот на изминатата година оствариле приходи, но не поголеми од 96.600 денари.

Повторна пререгистрација треба да извршат и лицата кои веќе тоа го направиле но со приходите од 2011 година. Ненавременото поднесување на изјавата воедно ќе значи и наново поднесување на сите документи потребни за влегување во системот на невработени лица осигурени на товар на државата. Тоа истовремено ќе значи прекин во здравственото осигурување или поедноставно, во тој период, невработените нема да добиваат сини картони. Затоа побрзајте, 31ви Март е навистина блиску.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top