Илегален влез за незаконски лов

Вооружена пресметка помеѓу граничната полиција на Р. Македонија и албански државјани, во атарот на селото Љубаништа. Нема повредени и жртви.

 |  Билјана Николоска  | 
SVR
СВР

SVRУтрово во 6 часот и 30 минути се случи вооружена престрелка, во близина на граничниот премин Св. Наум во Охрид, на македонска територија. Оваа информација ја потврдија и од СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димовски според првичните информации кои ги имале, кажа дека пукотниците настанале кога македонската полиција при патролирање пресретнала 10 члена група албански државјани. Тој додаде дека имале сознанија за делувањето на илегални групи на територијата на НП „Галичица“ од македонска страна, кои незаконски ловеле дивеч.

Димоски потенцира дека утрово биле поставени неколку заседни места од страна на граничната полиција на исклучителни стратешки места, каде се очекувало влез на илегалната група.

Граничната полиција успеала да фати и приведе двајца од групата, а останатите побегнале. „При претресот на двајцата приведени пронајдена е ловечка пушка, па се смета дека станува збор за ловџии“, вели Димоски. Екипите на СВР со цел да се испитаат сите околности за вооружената пресметка сеуште работат на овој случај. Директорот на НП „Галичица“, Зоран Ангелоски, вели дека овој период посебно е специфичен за илегален влез на албански државјани кои незаконски ловат. Тој додаде дека секоја година се соочуваат со вакви проблеми, бидејќи на албанските државјани им било познато дека на македонска страна има многу повеќе дивеч и дека истиот е заштитен со закон. Ангелоски рече дека оваа акција претставува добро одржана лекција од која најверојатно сите ќе сфатат дека имаме ажурна и будна гранична полиција која успешно се справува со ваквите непопуларни активности.

 
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top