Депониите, од идната година ќе се издаваат под концесија.
Министерството за животна средина планира формирање на 6 до 8 регионални центри за управување и менаџирање со депониите.
При тоа пријавените концесионери ќе мора да ја испочитуваат сторгата пропишана процедура вели заменик министерот од ова ресорно министерство Соња Лепиткова. Отпадот ќе мора да се селектира и рециклира, а на депонијата ќе завршува помалку од 10%, како инертен отпад. Локациите за центрите со управување на отпадот ќе се избираат врз основа на правилник, а се очекува кон крајот на ноември да биде донесена уредба. Со неа ќе бидат строго дефинирани сите услови.
Од министерството упатуваат апел до гарѓаните и до јавните претпријатија што поскоро да станат вистински партнери, за сметот да се одлага како што треба. Тое услов да имаме чиста животна средина и да се ослободиме од грдата слика на депонии вели Лепиткова. Таа потенцира дека е задоволна од досегашната соработка со охридскиот и струшкиот градоначлник, како и со пратенците од нивното учество во јавните расправи за донесување на Националниот план за управување со отпадот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град