Трета среќа за локалната за изградба на затворениот градски пазар по пат на јавно приватно партнерство. После двата неуспешни тендери, на третиот конечно заинтересирана фирма за реализација на договорот за изградба на пазарот.
Идејата за изградба на затворениот зелен градски пазар конечно тргна од мртва точка После двата неуспешни тендери во кои локалната бараше партнер за изградба на пазарот, третиот јавен оглас првично успешен.
Денес, по истекот на крајниот рок од еден месец за доставување на понуди, Комисијата за воспоставување на јавно-приватно партнерство за зелениот пазар ја отвори единствената пристигната понуда. Единствен понудувач е градежната фирма АД „Илинден“ од Струга.
„Првично комисијата оцени дека операторот кој што учествуваше на тендерот, ги исполнува условите. Накратко да кажам дека согласно физибилити студијата, пред одржување на аукцијата за поднесување на конечни количини, економскиот оператор кој што денеска учествуваше на огласот, за општината понуди изградба на зелен пазар на приземјето во вкупна површина од 1233 метри квадратни, десет паркинг места во подземниот дел на граѓаниот простор и 200 метри квадратни деловен простор на вториот кат.“-вели Тони Иваноски, претседател на комисијата за воспоставување на јавно-приватно партнерство за изградба на затворен зелен пазар.
Иваноски вели дека комисијата дополнително ќе се состане на крајот на неделава со цел подетално разгледување на доставената документација односно оценување на исправноста на истата по што ќе биде донесена конечната одлука, дали ќе му допушти на економскиот оператор поднесување на конечна понуда согласно Законот за јавни набавки.
„По завршувањето на севкупната евалуација за оценување на доставената документација, со оглед дека економскиот оператор својата сериозност ја има докажано и со доставување на банкова гаранција во висина од 1 % од вкупната вредност на објектот, мислам дека Охрид во догледно време ќе може да се надева на изградба на еден современ зелен пазар и сите оние пропратни деловни простории кои што се потребни за ваков вид на објект.“-рече тој.
Според јавниот оглас кој локалната го објави на 26 Декември минатата година, проценетата вредност на административно деловно трговската зграда која вклучува изградба на затворен зелен пазар изнесува 203.059.346 денари или нешто повеќе од 3 милиони евра. Банкарската гаранција која економскиот оператор ја доставил пак изнесува 2.030.593 денари или околу 30 илјади евра. Истата, доколку ја повлече понудата, нема да му биде вратена. Инаку, по пропаѓањето на вториот повик, општината најави измена на физибилити студијата и проектната документација во консултација со стручните служби, но и со амин од Советот на Општина Охрид, со цел конечно да се најде партнер кој ќе инвестира во овој капитален проект. Градоначалникот Бакрачески, после вториот пропаднат тендер, вети дека овој проект ќе го реализира до крајот на неговиот мандат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град