Акцијата која Општина Охрид заедно со Црвен Крст и ракометарите ветерани ја спроведоа уште пред новата година, денес доби свој епилог.
Добра идеја, успешна реализација. Акцијата која Општина Охрид заедно со Црвен Крст и ракометарите ветерани ја спроведоа уште пред новата година, денес доби свој епилог. Од средствата кои се собраа од одржувањето на хуманитарниот ракометен натпревар помеѓу РК „Охрид 2012“ и ветераните, се купија спортски реквизити кои денес беа донирани во градинката „Јасна Ристеска“, вели Филип Јованоск, портпарол на Локалната самоуправа.
И од Црвен крст задоволни како протекла оваа хуманитарна акција. Претседателот Сашо Точко ветува дека и понатаму ќе соработуваат со детската градинка и ќе донираат се она што е во интерес на децата.
Волонтерите на Црвен крст имаат позитивни искуства од продажбата на картите при оваа хуманитарна акција.
А, секако, најзадоволни беа децата и персоналот од градинката „Јасна Ристеска“. Директорката Марина Петровска Тодоровска вели дека тие посебно даваат акцент на спортските активности на децата, па овие реквизити им се повеќе од добредојдени. Станува збор за најразлични форми со кои тие можат да изведуваат над 60 игри. Реквизитите се многу практични, а што е најважно избрани се по нивна желба од специјален каталог.
Ваквите и слични акции ќе се реализираат и понатаму, велат организаторите кои искажаа јавна благодарност до сите кои зедоа учество во ова. Од градинката пак се благодарни за досегашните донации и се надеваат дека во оваа година ќе има и други се со единствена цел, оваа предучилишна установа да стане што попријатно катче за нашите најмили.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град