Заврши меѓународниот конкурс за изработка на идејно решение за изгледот на Плаошник односно на Свети Kлиментовиот универзитет. Работите на Плаошник воопшто не се прекинати тврди директорот на Управата за заштита на културно наследство, Паско Кузман. Тој додава дека голем дел од откритијата се конзервирани, реставрирани и презентирани.
Проектанската група „Идеа плус“ избрана за да го изработи главниот проект за изгледот на Плаошник односно на Свети Климентовиот универзитет. Според најавите по изработката на проектот ќе се распише тендер со кој ќе се одбере фирма која идејата ќе ја реализира на дело. Светиклимнетовиот универзитет треба да биде готов до 2012 год. вели директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман.
„Теолошкиот факултет е влезен во идјеното решение на Светиклиментовиот комплекс и договрено е во согласнот со членовите во одборот на МПЦ , архиепископот Стефан. Се знае дека тој ќе биде во Охрид, се разбира откако ќе завршат сите активности, додава Кузман.
Директорот на управата за заштита на културното наследство вели дека ископувањата на Плаошник не се прекинати туку дека ќе се работи и годинава но во помал обем.
“Ископувањата не се работни акции, туку стручно и научно истражување“, вели директор на управата за заштита на културното наследство. Половина од откриените објекти на старите цивилизации се конзервирани и веќе презентирани. Работите на Плаошник, воопшто не се прекинати, вели Паско Кузман.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град