И Охриѓани ги почуствуваа високите температури

Метеоролозите велат дека жешкото време допрва доаѓа, а лекарите со совет до граѓаните да се избегнува излегување надвор во период од 10 до 17 часот, да се намали внесот на храна и да се конзумира лесна храна и пијалоци, да се внесува поголема количина течности, најдобро обична вода како и да се избегнуваат алохолни пијалоци.

 |   | 

Метеоролозите велат дека жешкото време допрва доаѓа, а лекарите со совет до граѓаните да се избегнува излегување надвор во период од 10 до 17 часот, да се намали внесот на храна и да се конзумира лесна храна и пијалоци, да се внесува поголема количина течности, најдобро обична вода како и да се избегнуваат алохолни пијалоци.

Температурите во континуиран раст, а до крајот на неделата се очекува и нашиот регион да биде зафатен од тропски горештини. Лекарите со совети кои пред се однесуваат на децата, старите лица и хронично болните, да се избегнува излегување надвор во период од 10 до 17 часот, да не се изведуваат тешки физички работи во овој период или спортски активности. Кога станува збор за храната во овој период препораките се да се намали внесот на храна и да се конзумира лесна храна и пијалоци. Во деновите кои претстојат капите и очилата за сонце треба да ни станат секојдневен додаток, а да носиме лесна облека од природни материјали, во светли бои. Во домовите доколку сме во можност да престојуваме во климатизирани простории или пак во затемнети каде нема да бидеме изложени на сонце, препорачува Д-р. Горан Симјаноски – Раководител на Итната медицинска служба од Охрид.

„Никогаш не смееме никого да го оставаме да не чека во автомобил. Да возиме со отворен прозор колку да има вентилација на просторот, автомобилот да се паркира под сека по можност и никогаш не смее да оставиме ни едно лице да не чека, а особено тоа се однесува на малите деца“ препорачува Д-р. Горан Симјаноски – Раководител на Итна медицинска служба од Охрид.

За хронично болните лица се препорачува редовно земање на препишаната терапија и почитување на општите препораки. Доколку се забележат следниве симптоми, како зашеметеност, слабост, вознемиреност и зголемена жед и главоболка треба да се преместиме во поладна просторија и да започнеме со рехидрирање, најпрепорачливо со обична вода, а треба и да се измери телесната температура.

„Доколку осетат лицата грчеви пред се во нозе, раце и стомак, повторно да се преместат во поладна просторија, да следи рехидратација и да се мирува. Доколку симптомите не помиат во тек на еден час, да се побара лекараска помош. Доколку некое лице колабира, има сува кожа веднаш да се повика службата на итна медицинска помош, а додека пристигне нашата екипа лицето да се однесе под сенка и да се разладува на лицето вратот и слабините“ потенцира Д-р. Горан Симјаноски – Раководител на Итна медицинска служба од Охрид.

Од одделението за итна медеицинска помош од градов велат дека поради високите температури се зголеми и бројот на здравствените повици и прегледи и уште еднаш со апел да не се злоупотребува службата на итна медицинска помош за случаи кои не се животно загрозувачки и за кои и матичниот лекар може да помогне.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top