И охриѓани дел од Фејсбук групата „Бесплатно сместување – Македонија“

Охриѓанката Лидија Ќосевска, го понуди својот апартман во Охрид на фамилија која има дете се посебни потреби.

 |   | 

Охриѓанката Лидија Ќосевска, мајка на две деца, го понуди својот апартман во Охрид на фамилија која има дете се посебни потреби е прва од нашите сограѓани кои се занимаваат со туристичка дејност, а кои станаа дел од Фејсбук групата „Бесплатно сместување – Македонија“ организирани како група на граѓани кои понудија бесплатно сместување на деца со посебни потреби. Единствениот мотив за Ќосеска да стане дел од оваа група е нејзиното чувство за хуманост.

„Ете така едноставно тргна работава, се зачленивме неколку луѓе ги има доста и многу ни е мило и благодарност до сите кои се зачленија и до идните кои ќе се зачленат и од малку за два три дена не се надевавме дека до толку како пожар ескалира и многу е убаво од хумана побуда. Да, пред се и многу ми е мило и многу сум среќна, кај мене ете веќе се пријави една госпоѓа од Куманово со дете со посебни потреби и примарно ни е на деца со посебни потреби да им се овозможи да во време од 3,5,7 дена зависи од самите домаќини и во периодот кој тие го нудат во групата во објавата поставена на ѕидот“, вели Лидија Ќосеска -„Вила Лидија“.

Формирањето на оваа група е своевиден македонски одговор на балканската фејсбук група „Iznajmljivaci sa srcem“ и самата група функционира според одредени правила. Имено, самата група е формирана пред се да им се понуди есплатно сместување на болни дечиња, самохрани родители и социјално загрозени семејства и овие ранливи категории на граѓани да можат да си дозволат одмор од барем неколку дена. Предност имаат деца со посебни потреби од социјално загрозени семејства, се аплицира преку Фејјсбук групата, а веќе е создадена и приоритетна листа. Исто така не е дозволено постирање на фотографии на деца поради нивна заштита.

Ќосеска апелира покрај до оние кои можат да понудат сместување не само во Охрид, туку насекаде низ туристичките места во нашата земја, до рестораните, автопревозниците и големите ланци на маркети, да помогнат колку можат. Секое семејство може само еднаш во годината да го искористи бесплатното сместување,а домаќините да ги постават деталните информации за условите и бројот на леглата кои ги нудат. Исто така од фејсбук групата, „Бесплатно сместување – Македонија“ вршат верификација на податоците за гостите за да се исклучи било каква можност од злоупотреба. Гостите пак, вели Ќосеска мора да ги почитуваат термините кои станоиздавачите ги нудат.

„Тоа се условите, потенцирано е на страната, терминот кој е објавен за слободен е тој термин, дај Боже да се ослободи друг термин, тоа веднаш се внесува како објава на ѕидот на групата, тоа се термините, ако еве сега некој издава од 1.07-7.07 тој термин на станоиздавачот му е слободен или семејство, не мора да се бави со оваа дејност, доколку е на пример на одмор, може да го искористи тој термин. Не може да се погодуваме за термини“, додава Лидија Ќосеска -„Вила Лидија“.

И навистина како пожар се шири хуманоста низ Охрид, после примерот на Лидија кон групата се приклучија и „Апартмани Џими“, хотел „Коцарев“, „САРАГА“ апартмани, вила „Вишни“ во Лагадин, а како започна трендот, во деновите кои доаѓаат бројот ќе биде уште поголем.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top