„Хуманоста на Тоше наш патоказ“, со ова мото помладите охриѓани ја одбележаа годишнината од трагичната смрт на Тоше Проески.
„Хуманоста на Тоше наш патоказ“, со ова мото помладите охриѓани ја одбележаа годишнината од трагичната смрт на Тоше Проески.
И после една година солзите не пресушија. Велат времето лечи се, но не и тагата по нашата музичка звезда и голем хуманист, Тоше Проески. Охриѓани уште еднаш се обидоа да му покажат на Тоше дека секогаш ќе го сакаат и почитуваат неговото дело.
Денес на градскиот плоштад одекнуваа звуците од песните кои ги изведуваше Тоше. Децата од основните училишта во градов во организација на Црвениот Крст организираа забава под мотото „Хуманоста на Тоше наш патоказ“.
Годишнината од смртта на Тоше се поклопува со Светскиот ден за борба против гладта па со тоа уште повеќе се потенцира хуманата димензија на овој наш голем уметник.
Децата велат- „Тоше ги имаше сите човечки епитети и ние ќе го следиме неговиот пример по патот на хуманоста“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град