Хуманоста не старее, 70 години Црвен крст Охрид

На денешен ден, пред 70 години, Црвен крст Охрид организирано ја започна својата хуманитарна мисија. Во создавањето и развојот на Црвен крст Охрид биле вклучени безброј имени и безимени активисти кои оставиле свои траги во делувањето и растежот на организацијата.

 |  Голабовски Крсте  | 

На денешен ден, пред 70 години, Црвен крст Охрид организирано ја започна својата хуманитарна мисија. Во создавањето и развојот на Црвен крст Охрид биле вклучени безброј имени и безимени активисти кои оставиле свои траги во делувањето и растежот на организацијата.

logoОвој седумдесет годишен период на грижа за човекот и достоинството на човечкиот живот, бележи голем број активности од социјално-хуманитарната програма, здравственото воспитување и превенцијата на болести на срцето и крвните садови, превенција на туберкулозата, ХИВ-СИДА, превенција на ракот, превенција на болестите на зависност, првата медицинска помош, унапредување на крводарителството преку доброволно, анонимно и бесплатно крводарување, развој на програмата за дејствување при катастрофи, формирање и дејствување на Единици за спасување на вода и спасување на планина и неприсртапни терени, грижа за бегалците и раселените лица, спроведување на современа дисеминација и ширење на меѓународното хуманитарно право, бројни едукативни програми за сите возрасти на граѓани, креативни активности на Младите на Црвен крст Охрид, информативно-издавачка дејност, службата барање и голем број други активности.

– Постигнувањата во овие 70 години, не ставаат во одговорна и мобилна положба, постојано да ги облагородуваме и унапредуваме активностите со нови импулси, за да придонесеме во создавање на еден побезбеден свет во кој ќе може подостоинствено да се живее. Во моментите на радост, кога одбележуваме значаен јубилеј – 70 години Црвен крст Охрид, како организација на достоинствени, длабоко хумани и солидарни луѓе, испраќаме апел за мир и взаемно почитување, за човечко препознавање и зближување, за сопствено пронаоѓање во безграничните простори на хуманоста и солидарноста, велат од општинскиот Црвен крст.

70- годишниот јубилеј ќе биде одбележан со низа активности во сабота, 28- ми март, под мотото „ Хуманоста не старее“.

Во 12 часот е предвидено дефиле низ улиците на градот, а еден час подоцна на градскиот плоштад ќе се изврши презентација на активностите. Во 19 часот во Центарот за култура ќе бидат промовирани книгите- биографии за Анри Динан и Густав Моние, а во 20 часот ќе започне свечената академија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top